Маск планира со 7,2 милијарди евра да го купи Ливерпул

наскоро би можел да додаде уште еден голем светски бренд на Tesla, SpaceX и X (поранешен Twitter), да влезе во спортот и да го прошири влијанието во Обединетото Кралство. Контроверзниот мултимилијардер наводно размислува да го купи Ливерпул за нешто повеќе од седум милијарди евра, а тоа го потврди и неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.

Маск постариот првично одби да ја коментира гласината бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од Енфилд, но на инсистирање на домаќинот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб и објасни зошто Ливерпул.

Тој наводно го одбрал Ливерпул, затоа што неговата баба била родена во тој град, и дека таму има роднини.

Се вчитува...