Маската за тренинг виновна за смртта на младиот норвешки биатлонец!?

Норвешката олимписка асоцијација упати итен апел до сите спортисти привремено да престанат да користат маски за тренинг, откако 27-годишниот биатлонец Сивер Гутом Бакен беше пронајден мртов во хотелска соба со маска на лицето, пренесува „Јуроњуз“. 

Маските за тренинг се користат за време на тренинг за симулирање на поголема надморска височина, ограничување на протокот на воздух и на тој начин наводно подобрување на капацитетот на белите дробови и издржливоста на спортистите.

Норвешката олимписка асоцијација вчера издаде соопштение:

„Додека не бидат познати официјалните факти за трагичната смрт на Сивер Бакен, OSN им советува на сите спортски организации привремено да ја суспендираат употребата на маски за надморска височина.“

Организацијата нагласува дека причината за смртта сè уште се утврдува, но дека сакаат да спречат каква било можна поврзаност помеѓу опремата и здравствените проблеми.

Се вчитува...