Маскерано: Ако не се вратам во Ривер Плата, ќе бидам лажго

Аргентинскиот интернационалец Хавиер Маскерано на крајот од сезоната ќе го напушти „Камп Ноу“. Тој за Барселона одигра 202 натпревари, освои четири титули во Ла Лига и во Купот на Шпанија, три Суперкупа на Шпанија, два трофеи од УЕФА Суперкуп, и два пехари од Светското клупско првенство, па вели дека е време за да исполни и едно свое ветување. Тој вети дека ќе се врати во Ривер Плата, клубот за кој настапуваше од 2003 до 2005 година.

„Мојата иднина во фудбалот веќе нема врска со парите и понудите. Порано сам ги носев одлуките, но сега истите ги носи моето семејство. Не можам да не размислувам што е најдоброто за моите деца. А покрај тоа и морам да исполнам едно свое ветување, дека пред крајот на кариерата ќе се вратам во Ривер Плата. Не сакам да испаднам лажго“, изјави Маскерано.

 

Се вчитува...