Аргентинскиот интернационалец Хавиер Маскерано нема да биде на располагање на тренерот Луис Енрике за натпреварот од последното коло во Примера наредниот викенд поради повреда на бутниот мускул. Тој се повреди на загревањето пред стартот на мечот со Лас Палмас, па на негово место во тимот беше уфрлен младиот Марлон во тандем со Умтити. И Жерар Пике исто така е надвор од ритам поради повреда, па тоа може да биде и загрижувачки за шефот на стручниот штаб на каталонскиот тим.
Барселона во последното коло на „Камп Ноу“ ќе го пречека тимот на Еибар. Реал Мадрид има одиграно еден меч помалку, па в среда го очекува одложениот меч против Селта во Виго, а потоа и гостување против Малага во последното коло.
Барселона на 27 мај ќе го игра и финалето на Купот на Шпанија против Алавес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА