Хавиер Маскерано призна дека Барселона имала судиска помош на синоќешниот реванш дуел со ПСЖ, откако тој имал контакт со Анхел ди Марија во сопствениот шеснаесетник, но арбитрите не покажаа на белата точка. Ди Марија излезе очи в очи со Тер Штеген откако истрча зад одбраната на каталонскиот гигант, Маскерано го следеше, а кога дојде до позициј за шут фудбалерот на ПСЖ тоа го стори многу лошо, веднаш жалејќи се на контакт.
Тоа требаше да биде пенал и црвен картон за Маскерано, но судијата процени дека немало старт за такво нешто.
„Нема да лажам, имаше контакт. Го допрев Ди Марија и влијаев на неговиот шут, но сметам дека тој судиски превид не е причината поради која го елиминиравме ПСЖ. Неверојатно е колку е тешко да се бркаат четири гола негатива, дадовме три и сепак бевме толку далеку. Слободниот удар на Нејмар ни ја врати вербата – се останато е историја. Мило ми е и за Серхио Роберто, со овој гол тој си обезбеди место во историјата на Барса“ – изјави Маскерано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА