Некогашниот фудбалер на Барселона, Ливерпул, Вест Хем, Аргентинецот Хавиер Маскерано доби нова работа и тоа во селекцијата на Аргентина.
Некогашниот аргентински репрезентативец доби улога на селектор до 20 години, потврди фудбалскиот сојуз на таа земја.
Тоа ќе биде прва работа на Маскерано по завршувањето на кариерата. Одигра повеќе од 100 меча за Аргентина. Маскерано ќе го замени Фернандо Батиста од почетокот на 2022 година.
Маскерано ја заврши кариерата во ноември 2020 година играјќи за Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеија и Естудијантес.
#SeleccionesJuveniles El Presidente Claudio Tapia se reunió hoy con Javier Mascherano para definir su vínculo como nuevo entrenador del Seleccionado Sub 20 que se pondrá en marcha a partir de enero del 2022. pic.twitter.com/QzDwh14jgH
— Selección Argentina 🇦🇷 (@Argentina) December 9, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА