Маскерано: Зарем сите фудбалери мораат да донираат пари?

Поранешниот аргентински репрезентативец, Хавиер Маскерано, проговори за тренд што воопшто не му се допаѓа, да се врши притисок врз професионалните фудбалери да вршат што повеќе донации за помош од коронавирусот.

„Не ми се допаѓа што фудбалерите станаа лесни мети, луѓето знаат колкави плати земаат и сега бараат од нив да дадат пари за коронавирусот. Јас немам проблем со помошта, јасно ни е декаа сите мораме да помогнеме, но луѓето треба да знаат дека голем дел од фудбалерите донираат пари без присуство на камери, немаат потреба од слава туку го прават тоа од морални причини“, истакна Маскерано.

Овој одличен фудбалер во Европа настапуваше за Вест Хем, Ливерпул и Барселона, две години мина во Кина, а од сезонава се врати во татковината, носејќи го дресот на Естудијантес.

Се вчитува...