Амбициозниот второлигаш Тиквеш и дефинитивно остана без шефот на стручниот штаб Љупчо Димитковски. Раковоството на клубот одлучи да ја прифати неговата оставка по последните четири неуспеси.
„Љупчо Димитковски поднесе неотповиклива оставка, која раководството ја прифати. Има три опции за кормилото, а одлуката ќе биде донесена до четврток“, изјави за ЕКИПА.мк претседателот на ФК Тиквеш Миле Масларков.
По одличниот старт на сезоната, Тиквеш падна во резултатска криза и ги намали шансите за највисок пласман и влез во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА