Андреј Маслинко е повторно дел од националниот тим на Македонија. И извесно е, важи за еден од оние играчи кои треба да ги покриваат оние „внатрешни позиции“ во ростерот на сениорската селекција која ова лето е дел од олимписките претквалификации кои стартуваат на 12. август со турнирот во Талин, а кои продолжуваат во полскиот град Гљивице.
Македонија во првата група која ќе се игра во Талин покрај со домаќинот за противници ги има и Холандија и Чешка.
„Подготовките само што започнаа. Се подготвуваме, макар што сеуште не сме комплетни, односно, допрва треба да се комплетираме. И искрено се надевам дека ќе имаме доволно време до пријателските натпревари да се подготвиме, и да дадеме некој свој максимум. Краток е периодот на подготовки. И нема доволно време за натпревари. Од таа гледна точка, натпреварите се добредојдени. Ако има уште некој меч, тоа би било голем плус. Меѓутоа, тоа е што е, мораме да се подготвиме најдобро што можеме. Да бидам искрен, не ги познаваме, се уште, доволно ростерите на противниците. Јас се надевам на успешни игри. Ќе одиме максимално, до крај. Ќе одиме на победа на секој натпревар. И се надевам дека можеме да се надигруваме со сите селекции кои ќе бидат таму во Талин, изјави Маслинко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА