Андреј Маслинко со 15 поени и 7 скокови беше единствениот расположен за игра покрај тандемот Димитријевиќ – Шортс, сепак премалку за да се избегне пораз од селекцијата на Естонија.
Вечерашниот неуспех значеше и губење на сите шанси за пласман на европскиот шампионат, а Маслинко не го криеше разочарувањето што нашата селекција и покрај големата желба не успеа да стигне до билет за Евробаскет 2025.
„Добро го започнавме мечот, го контролиравме првото полувреме, имавме водство од еден поен разлика на паузата. Второто полувреме беше многу лошо, бидејќи загубивме со 20-тина поени разлика, но ги загубивме и шансите за пласман на Европското првенство. Сега не успеавме, но се надевам дека на следното првенство ќе бидеме таму“ – изјави Маслинко по поразот во Талин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА