Масовна тепачка на меч меѓу македонски и хрватски клуб во Австралија (ВИДЕО)

Навивачите на австралиските клубови Рокдејл Илинден и Сиднеј Јунајтед 58 се степаа по натпреварот игран викендов во кој еден од навивачите со влегување на теренот за време на мечот дополнително ја разгори атмосферата.

Во прашање се клубови кои се формирани од македонски (Рокдејл Илиндед) и хрватски (Сиднеј Јунајтед 58) иселеници. Полицијата која од сведоците на случувањата бара помош да ги идентификува учесниците во официјалниот извештај тепачката ја опишала како „срамота“, а нејзините учесници како „будали“.

 

Се вчитува...