Мата е „тата-мата“, ама Лестер лапна бод во последен момент

Манчестер јунајтед се обидува да го следи неверојатниот градски ривал Манчестер сити на врвот во Премиер – лигата, но тимот на Жозе Мурињо потклекна во последен момент на гостувањето кај Лестер. Имаше победа во раце, но „лисиците“ сепак украдоа бод во судиското продолжение, играјќи 2-2.

„Лисиците“ први поведоа со голот на Џејми Варди, но Хуан Мата израмни до крајот на првото полувреме. Во вториот дел Шпанецот постигна уште еден гол, со прекрасно изведен слободен удар, и донесе нови три бода за „црвените ѓаволи“. Лестер во 73.минута остана и со играч помалку по исклучувањето на Амарти, се чинеше дека домашниот тим не може да стигне до израмнување, но Хери Мегваер во петтата минута од судиското продолжение постигна погодок за воодушевување.

Се вчитува...