Мата и Карик едногласни: Зошто да не? Дојдовме во Скопје по трофеј!

Со максимална почит кон „кралскиот клуб“ но и силна верба во сопствените квалитети, фудбалерите на Манчестер јунајтед го очекуваат утрешниот натпревар од УЕФА Суперкупот во Скопје. Хуан Мата и Мајкл Карик, презентирајќи ги очекувањата на „црвените ѓаволи“ на официјалната прес-конференција потенцираа дека допатувале во Македонија по трофеј.

„Реал е секако фаворит, но зошто ние да не дојдеме до трофејот? Овој натпревар е секако многу важен за нас.. Воопшто не е ревијален како што некои мислат. Дојдовме во Македонија по трофеј, и така пристапуваме на натпреварот. Реал е најдобриот тим во Европа, но ние имаме сили за надигрување. Не сме тука на туризам“ – истакна Мата.

Сосема еднакво е размислувањето и на искусниот Мајкл Карик…

„Ова е голем настан за Манчестер јунајтед. За нас е огромен успех што сме во битка за првиот трофеј сезонава. Би било одлично уште на непочната сезона да стигнеме до првиот трофеј. Сите многу добро знаеме кој е Реал Мадрид, но силно веруваме во нашата моќ за победа против секоја екипа“ – рече Карик.

Се вчитува...