Мата и Марсијал го урнаа Ватфорд

Манчестер јунајтед беше сигурен на „Олд трафорд“, совладувајќи го Ватфорд со 2-0. Тимот на Жозе Мурињо имаше потполна контрола на теренот, а Хуан Мата успеа да го отвори резултатот во 32.минута. Одлична акција беше тоа на комплетната навална линија на „црвените ѓаволи“.

Во вториот дел, конечно и Марсијал по подолг период се запиша во листата на стрелците. Ја погоди мрежата на Ватфорд во 60.минута за мирен финиш на Манчестер јунајтед.

Juan Mata Goal HD -Manchester United 1-0… by Livee1Goals2-0 Anthony Martial Goal 11.02.2017 HD by dailyfootballkick

Маноло Габијадини почна да ја исплаќа со голови инвестицијата што Саутемптон ја вложи во него. Тој беше стрелец на двата гола за својот нов тим во триумфот над Сандерленд (0-4). Третиот и четвртиот гол беа дело на Шејн Лонг. Вест Хем ремизираше против ВБА (2-2).

Резултати Англија: Манчестер јунајтед – Ватфорд 2-0, Мидлсборо – Евертон 0-0, Стоук – Кристал Палас 1-0, Сандерленд – Саутемптон 0-4, Вест Хем – ВБА 2-2.

Се вчитува...