Мата потпиша со клуб од Австралија

Легендарниот шпански фудбалер Хуан Мата кариерата ја продолжува во Австралија.

Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без договор од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.

„Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб кој ја освои Азиската Лига на шампиони и навистина со нетрпение очекувам да стигнам таму и да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната“, рече Мата.

Се вчитува...