Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8.август ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Европа во Скопје и тоа ќе биде првата битка за европски трофеј на двата клуба. Тие вечерва ќе се сретнат и во пријателски меч, но Хуан Мата вели дека сепак вистинскиот мегдан ќе биде во Скопје.
“Имаме доволно време за максимално да се подготвиме за Суперкупот на Европа. Тоа е нашиот приоритет за стартот од сезоната. И вечерва ќе играме со Реал Мадрид, но вистинската битка ќе биде за европскиот трофеј. Се надеваме дека дотогаш ќе влеземе во посакуваната форма”, истакнува шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА