Младинскиот репрезентативец на Македонија Матеј Гаштаров, вечерва дебитираше за сениорскиот тим на српскиот шампион Црвена Звезда.
На мечот од петтото коло во српскиот шампионат Црвена Звезда славеше на гостувањето кај Младост Лучани со 1-4, а Гаштаров доби шанса во самиот финиш.
Тој своето деби го имаше во 88. минута кога влезе во игра и ги одигра последните моменти од овој меч.
Во составот на српскиот шампион беше уште еден голем македонски талент, 17-годишниот дефанзивец Горазд Ристовски, кој остана на клупата за резервни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

