Матеј Гаштаров пред стартот и на младите: „Тешки мечеви, но имаме квалитет да одиграме најдобро!“

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за новиот квалификациски циклус. Националниот тим новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2027 го започнува со гостување во Полска на 5. септември, а потоа на 9. септември во Битола ќе ја пречекаме Италија.

Фудбалерите на Горан Станиќ во првите две кола ќе се соочат со фаворитите во групата, што за македонскиот состав е само дополнителна мотивација. Младите надежи на стадионот „Борис Трајковски“ го одработија првиот тренинг.

„Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Имаме голем предизвик пред себе, играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Ние, од друга страна, како генерација имаме многу квалитет и голем мотив да одиграме најдобро. Одлично се подготвуваме и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на натпреварите се чувствува сплотеност и желба, а тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да им донесеме радост на навивачите“, вели Матеј Гаштаров.

Се вчитува...