Македонскиот интернационалец во дресот на Железничар Матеј Цветаноски, постигна гол во дуелот со Борац Бања Лука во 27. коло во Првата лига на БиХ, и така му нанесе сериозен удар во шампионската трка со Зрински.
Македонецот постигна гол во 76. минута, така израмнувајќи го резултатот откако успеа да го совлада Дамјан Шишковски кој беше на голот на гостите, а во осмата минута од судиското надополнување, Железничар постигна уште еден гол за целосен пресврт и победа од ова дерби.
Со овој триумф, Железничар се доближи до место во Европа, додека Борац ќе мора да веднаш да се соземе ако сака да ја одбрани шампионската титула. На овој меч играше и Бобан Николов за Борац, кој беше заменет во 80. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА