Поранешниот младински репрезентативец Матеј Цветаноски, продолжува надвор од Македонија. Тој ќе биде новата аквизиција на казахстанскиот тим Каспиј, каде што тренер е поранешниот селектор на репрезентацијата, Игор Ангеловски.
Цветаноски во последните шест месеци играше за Академија Пандев, а сега се решава одново да оди во странство, откако во минатото настапуваше за Ѓирмот и Партизани Тирана.
Од македонските екипи покрај Академија Пандев, Цветаноски беше дел од Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Шкупи. Тој во оваа екипа ќе му се приклучи на Стефан Коцев, кој е дел од оваа екипа.
Каспиј моментално е на претпоследното место на табелата со 10 освоени бодови, и следува жестока битка за опстанок до крајот на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА