Додека раководството на Шкендија е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Ќатип Османи кој поднесе оставка после последниот меч сезонава против Работнички, се работи и на новите имиња кои ќе треба да пристигнат во тетовскиот тим, за екипата да се врати на старите шампионски патеки откако во последните две сезони титулите „избегаа“ од Тетово.
ЕКИПА дознава дека блиску до потпис со тетовскиот клуб е крилниот играч Матеј Цветаноски. Цветаноски по кратката интернационална кариера, зимава се врати во мак фудбалот и потпиша за Академија Пандев, а сега е слободен и може да бара нов клуб.
Цветаноски потекнува од школата на Македонија ЃП, а потоа играше и за Пелистер, Вардар, па во Шкупи, потоа замина во унгарски Ѓирмот, па во албанскиот тим Партизани Тирана. Во јануари оваа година се приклучи на струмичкиот тим.
Со него веројатно во Шкендија ќе дојде и неговиот поранешен соиграч од Пелистер и од Вардар, Кристијан Тошевски. Десниот бек кој може да игра и како стопер, во моментов е дел од Тирана, но е пред враќање во мак фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА