Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски е успешно опериран по вчерашната тешка повреда на дуелот во шампионатот на БиХ.
Цветаноски заработи скршеница на ногата, поради што го очекува пауза до крајот на сезоната, информираат од неговиот клуб, ФК Железничар.
Делегација на клубот денеска го посети македонскиот интернационалец во клиниката каде беше извршена хируршката интервенција.
„Тој е луд, тој е силен, тој е наш манијак“, порачаа од Железничар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

