Цветаноски, кој изминатава сезона одигра 25 натпревари за Брера постигнувајќи и четири гола, потпиша двеогодишен договор со сараевци.
„Моите први впечатоци се одлични, слушнав убави зборови за клубот. Имаат одлични навивачи кои прават добра атмосфера. Разговарав со неколку мои пријатели кои играат во ова првенство, ми кажаа добри работи и ова го сметам за чекор напред во мојата кариера. Навивачите можат да очекуваат дека на секој натпревар ќе давам се од себе на теренот“ – истакна Цветаноски по промоцијата во новиот клуб.
Цветановски претходно во својата кариера настапуваше и за Пелистер, Maкедонија ЃП, Вардар и Шкупи во Македонија, додека на интернационалната сцена беше дел од унгарски Ѓирмот и албанскиот прволигаш Партизани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА