МАТЕМАТИКА: На кого што му треба за осминафинале од Групите Ц и Д?

Се е подготвено за разврската во групите Ц и Д, со одлични натпревари на денешната мундијалска програма. Полска моментно е лидер во групата Ц, но Левандовски и компанија лесно може да останат без осминафинале доколку загубат од Аргентина, во зависност од исходот на дуелот Саудиска Арабија – Мексико.

ПОЛСКА: Оди сигурно во осминафинале со победа или со реми против Аргентина. Полјаците можат да се пласираат понатаму и во случај на пораз, но тој не смее да биде убедлив и Саудиска Арабија не смее да го победи Мексико на вториот меч од групата.

АРГЕНТИНА: Аргентина со победа дефинитивно оди во осминафинале. „Гаучосите“ би можеле да стигнат до пласман и со реми, но тогаш би зависеле од исходот на вториот меч, Саудиска Арабија да не слави, или пак Мексико да не дојде до убедлива победа од четири или повеќе гола разлика.

САУДИСКА АРАБИЈА: Математиката е едноставна, Саудиска Арабија со победа е сигурно во осминафиналето, а таму може да се најде и со реми, надополнето со триумф на Аргентина над Полска.

МЕКСИКО: Мора да слави над Саудиска Арабија, но и на другиот натпревар или Полска да ја добие Аргентина, или Аргентина да стигне до убедлив триумф од четири или повеќе гола разлика.

Франција се среќава со Тунис, додека Австралија и Данска во директен дуел ќе решаваат за патникот во следната рунда од групата Д.

ФРАНЦИЈА: „Триколорите“ веќе се квалификувани во осминафиналето, но со победа или со реми ќе го осигураат првото место. Французите би ја загубиле првата позиција само доколку загубат денеска, а Австралија слави над Данска, со вкупна гол-разлика на двата меча од најмалку шест гола.

АВСТРАЛИЈА: Се пласира во следната рунда со победа против Данска, или со реми на својот меч, но само доколку на вториот натпревар Франција не загуби од Тунис.

ДАНСКА: Со победа оди во осминафинале, доколку Тунис загуби или ремизира против Франција. Доколку слават и Данска и Тунис, Данците ќе мора да победат со поголема разлика за да се пласираат.

ТУНИС: Се пласира со победа над Франција доколку Австралија и Данска ремизираат, или доколку Данска слави, но не со поголема гол-разлика од онаа на Тунис.

Се вчитува...