Матео Ковачиќ добива сонародник на „Стемфорд Бриџ“

Челси не успеа да го ангажира Нејтан Аке па погледот го сврте кон хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, пренесуваат англиските медиуми. Хрватот беше желба и на Пеп Гвардиола, но откако пропадна трансферот на Аке, пропадна и оној на Гвардиол во Манчестер Сити.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Челси кој се соочува со големи проблеми за ангажман на посакуваните играчи. „Сините“ успеаја да го доведат Калиду Кулибали, но не успеаја да постигнат договор ниту со Кунде и Кимпембе па ќе мора да се задоволат со играч без големо искуство.

Зад 20-годишниот стопер е одлична сезона во дресот на Лајпциг со која ја дуплираше вредноста на трансфер маркетот, па за неговите услуги лондонскиот тим ќе треба да издвои над 35 милиони евра.

Се вчитува...