Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ се најде на трансфер листата на Челси и се очекува ова лето да замине од „Стемфорд Бриџ“ каде настапува од 2019 година. Играчот од средниот ред е прекуброен по големиот број засилувања, а за неговите услуги се интересираат повеќе екипи.
Една од нив е Јувентус која за да го доведе Хрватот во своите редови е подготвена и да се откаже од Денис Закарија. Швајцарскиот репрезентативец во моментот е на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч, а се очекува да остане таму како дел од пакетот за размена на играчи.
Матео Ковачиќ со лондонскиот тим ја освои Лигата на Шампиони, Лига Европа, европскиот Суперкуп и ФИФА Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА