Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео истакна дека неговите кошаркар перфектно разбрале што треба да направат за да дојдат до така лесна победа против Олимпијакос од 87-76 во полуфиналето на Ф4 турнирот од Евролигата.
Па, сега „кралевите“ во финалето за европската круна ги чека пресметката со Панатинаикос.
„Перфектно знаевме што треба да направиме за да победиме еден таков тим со големо срце. Беше убаво да се видат моите играчи како се борат и бранат заедно. Горд сум на начинот на кој го одиграа првото полувреме“ – рече Матео.
Сега следи Панатинаикос во финалето…
„Мора да ги погледнам убаво мечевите на Панатинаикос. И овој од полуфиналето во Берлин, но и она кога не победија. Не сум изненаден што се во финалето, полни се со самодоверба. Имаат тренер кој ги турка да бидат шампиони и нема да биде лесно. Имаат лидер на тимот, Слоукас и имаат хемија. Ќе биде тешко. Но, најпрво едно пиво, па после пивото ќе почнам повеќе да размислувам за нив“ – вели Матео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА