Италија и Хрватска во последното коло од групната фаза во директен дуел ќе одлучуваат за место во осминафиналето на ЕВРо 2024.
Поранешниот италијански дефанзивец Марко Матераци во разговор за „Газета дело спорт“ вели дека Хрватска е секогаш незгоден противник за вакви одлучувачки натпревари.
„Квалитетни се. Освен Лука Модриќ, никогаш не знаеш кого ќе испратат на терен. Кога ќе видам дека играчи како Модриќ и Ковачиќ се така очајни на ова првенство помислувам само на една работа: знаат дека ќе биде тешко против Италија, се може да се случи. Но подобро е што не се во форма, отколку да се“ – вели Матераци кој со Италија го освои Светското првенство 2006 во финалето кое го одбележа инцидентот со Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА