Србија ја доби битката за младиот офанзивен играч на Лацио, Џанфилипо Матераци да игра за нивната селекција. Матераци ја прифати поканата на селекторот до 17 години на оваа земја Игор Матиќ.
Овој крилен играч има корени од Србија од мајчина страна. Затоа Фудбалскиот сојуз на Србија брзо реагираше и го „украде“ пред Италија.
Во оваа одлука свој придонес имал и селекторот на „А“ репрезентацијата Вељко Пауновиќ, кој лично разговарал со играчот, и наскоро ќе добие пасош.
Џанфилипо Матераци е внук на легендарниот Марко Матераци, односно неговиот татко е брат со Марко.
Матераци го привлече вниманието кон себе оваа сезона играјќи во младинската академија на Лацио. Тој е стандарден во тимот до 17 години на римскиот клуб, игра на двете крила и се издвојува по својата брзина, директност во играта и добра завршница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

