Матераци: Што му реков на Зидан? Тоа што си заслужи…

Судирот меѓу Зинедин Зидан и Марко Матераци го одбележа Светското првенство 2006 година во Германија. Во продолжението од дуелот меѓу Франција и Италија, италијанскиот стопер ја испровоцира француската фудбалска икона по што доби удар со глава во градите.

Зидан доби црвен картон, а Италија стигна до светската титула преку подоброто изведување на пеналите. Тој меч значеше и пензија за Зидан.

Италијанскиот фудбалер 14 години потоа открива дека приказните во кои се спомнуваше сестрата на Зидан се вистините.

„Ударот на Зидан? Искрено не го очекував. Да го очекував, ќе се подготвев и потоа и двајцата ќе завршевме во соблекувалната“ – вели Матераци и дополнува:

„Имавме контакт во казнениот простор. По првиот дуел му се извинив, а тој реагираше лошо. Потоа и вторпат имавме контакт, а при третиот застанав пред него. Ми рече: ‘Ќе ти го дадам дресот покасно’. На тоа му одговорив: ‘Повеќе би сакал да ми ја дадеш сестра ти’. И следеше ударот…“ – призна Матераци.

Зидан така на неславен начин замина од фудбалот, оставајќи дамка на неверојатната кариера.

Се вчитува...