Матеус: Ако Германија одигра вака и против Шпанија ќе биде елиминирана

Легендата на светскиот фудбал Лотар Матеус, испрати критики на адреса на селекторот Ханс Флик и играта на репрезентацијата на дуелот против Јапонија.

Матеус смета дека селекторот ќе мора да смени нешто, во спротивно Шпанија уште во 2. коло ќе ја елиминира Германија од Мундијалот.

„Ако одиграме против Шпанија така како што одигравме како во второто полувреме, тогаш ќе бидеме елиминирани. Сега фудбалерите се со притисок дека мора да победат. Веројатно ниту бод нема да биде доволен“, рече Матеус и додаде:

„Секогаш го поддржувам Флик, но овојпат нема да го сторам тоа. Тренерот треба да се соочи со тешки прашања. Ме интересираат бековите. Зошто Керер, кој играше во последно време, не играше против Јапонија. Головите кои ги примивме дојдоа од крилните позиции. Зиле не е играч од средниот ред. Кај другиот гол Раум беше премногу напред, а одбранбените играчи треба да те бранат. Шлотербек делуваше изненадено и не беше доволно подготвен. И измените катастрофа“, вели Матеус.

Се вчитува...