Баерн Минхен минатата недела објави дека Томас Тухел го напушта клубот на крајот од сезоната. Медиумите веднаш почнаа со шпекулациите околу новиот тренер, а веќе се спомнуваат имињата на Жозе Мурињо, Зинедин Зидан или Чаби Алонсо како можни наследници на Тухел.
Легендарниот Лотар Матеус, пак, смета дека Себастијан Хенес би бил идеален тренер на Баерн Минхен.
„Има само еден тренер во моментов кој е идеален за Баерн, а тоа е Хенес кој го има генот на Баерн. Тој направи одлична работа со вториот тим на Баерн, а сега е одличен и во Штутгарт и е на пат да се избори за Лигата на шампоните“ – вели Матеус.
41-годишниот Хенес во кариерата играше за Херта и за Хофенхајм, а во минатото ги водеше и младите тимови на Лајпциг и на Баерн Минхен. Во Штутгарт е од април 2023 година. Тој е син на поранешниот легендарен фудбалер на Баерн Минхен, Дитер Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА