Матеус ја открива тажната вистина: Франц Бекенбауер е во тешка здравствена состојба

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер се наоѓа во тешка здравствена состојба, обелодени Лотар Матеус во својата последна изјава дадена во медиумите.

Состојбата на „Кајзер Франц“ значително се влошила во последните месеци, па според Матеус тоа било и причината поради која тој не можл да присуствува на собирот на сите членови на шампионската генерација од СП 1990.

„Франц Бекенбауер не е во најдобра здрравствена состојба. Тој секогаш велеше дека здравјето е најважната работа во животот, а тој моментно го нема… Секако дека му посакувам да се врати, повторно да ја има енергијата по која е препознатлив. За жал, тоа во моментов не е случај, затоа и не можеше да дојде на последниот шампионски собир“, изјави Матеус.

Бекенбауер веќе извесен период не се појавува во јавноста, а медиумите и претходно пишуваа дека здравјето му е значително нарушено. Последната изјава тој ја даде по смртта на својот добар пријател, бразилската фудбалска легенда Пеле.

„Би сакал да отидам во Бразил и да го испратам како што доликува, но моето здравје не дозволува така долг лет“, прокоментира тогаш Бекенбауер.

Се вчитува...