Матеус: Косово? Нема шанси!

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус ги демантираше шпекулациите дека ќе стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово. Неговото име се појави како главен кандидат за нов предводник на оваа селекција во следниот квалификациски циклус за ЕП 2020.

„Селектор на Косово? Нема шанси! Демантирам дека постои било каква можност да ја преземам селекцијата на Косово“, кусо одговори Матеус.

Матеус со тренерската работа не се занимава веќе шест години откако доби отказ од бугарскиот национален тим.

Во минатото, Лотар Матеус беше селектор на националните селекции на Бугарија и на Унгарија.

Се вчитува...