Матеус: Не разбирам зошто ми се налути Ули Хенес

Баерн Минхен со многу проблеми на крајот сепак успеа да ја комплетира позајмицата на Никлас Џексон од Челси, трансфер што предизвика бурна реакција во фудбалска Германија.

Имено, многумина беа изненадени што баварскиот гигант се согласи да плати 16,5 милиони евра само за една година да го има Џексон во своите редови, и тоса во ситуација кога тој се носи како резерва за Хари Кејн, а не за прва опција во нападот. Најгласен во тие критики вообичаено е легендарниот Лотар Матеус…

„Јас не сум тој што ги одредува цените, тоа е работа на клубовите, на директорите… Сепак, Баерн плати рекордна цена, светски рекорд за позајмица, дури 16,5 милиони евра. А кога јас реков дека ако го сакаат Волтемаде од Штутгарт ќе треба да платат најмалку 80 милиони евра, Ули Хенес ми се налути и ме критикуваше во јавноста. На крајот излезе дека сум во право, бидејќи Штутгарт најде купец за Волтемаде за таа сума…. а Хенес и Баерн платија 16,5 милиони евра за да имаат резервен напаѓач на една година“, прокоментира Матеус.

Се вчитува...