Матеус Нуњеш во 94. минута донесе победа за Манчестер сити над Астон Вила (ВИДЕО)

Манчестер сити дојде до победа од 2-1 против Астон Вила во 34. коло од Премиерлигата, благодарение на гол во судиското продолжение.

„Граѓаните“ поведоа со голот на Силва уште во 7. минута од средбата.

Но, Маркус Рашфорд во 18. минута постигна гол за израмнување на 1-1.

Победата за Манчестер сити ја донесе Матеус Нуњеш во 94. минута од натпреварот.

Се вчитува...