Матеус револтиран: Зошто Компани така го понижи Томас Милер…

Баерн Минхен со многу среќа стигна до пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите со голот пто Дејвис го постигна во 93. минута од натпреварот против Селтик.

Тренерот Компани веднаш по постигнатиот гол, буквално во последните секунди од мечот реши да го уфрли ветеранот Томас Милер, потег со кој тренерот на Баерн навлече бес на дел од германските фудбалски легенди. Најгласен во критиките беше Лотар Матеус, кој јасно до знаење дека потегот на стратегот на баварскиот гигант а апсолутно неоправдан.

„Тоа беше апсолутно понижување, мене ми падна жал кога видов дека го уфрла Томас да влезе и да мине на теренот неколку секунди. Томас Милер е легенда што не треба да минува низ тоа, тој е еден од најуспешните германски фудбалери на сите времиња, ако на тренерот му требаше да украде малку време, можеше да стави било кој од резервните играчи, но не и Милер. Не верувам дека на Томас му беше сеедно, тој има толку многу настапи и голови во ЛШ, а сега влезе буквално на неколку секунди. Јас ќе бев многу лут ако бев на негово место“, истакна Матеус.

Се вчитува...