Матеус: Салихамиџиќ се пикнал во глувчешка дупка

Баерн Минхен е во огромна резултатска криза, заостанува огромни девет бода зад лидерот Борусија Дортмунд во Бундес-лигата, а најголемите критики одат на адреса на фудбалерите и на тренерот Нико Ковач, кој е пред отказ. Легендата на клубот Лотар Матеус сепак мисли дека голема одговорност лежи кај спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Знае ли некој каде е Салихамиџиќ? Која е целта да се има спортски директор што никој ниту видел, ниту го слушнал. Мислам дека се има напикано во глувчешка дупка“, истакна јавно Лотар Матеус, поранешниот освојувач на „Златната топка“.

Баерн Минхен вечерва на „Алијанц арена“ ќе ја пречека Бенфика и со победа ќе обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...