Матеус: Тухел го осакати Баерн Минхен, им ја одзема самодовербата на фудбалерите

Баерн Минхен денеска од 21 часот му гостува на „Емирати“ на Арсенал во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, но и покрај тоа што баварците се меѓу најдобрите осум тимови во Европа, оваа сезона е една од најлошите во историјата на клубот.

По 11 последователни титули во Бундеслигата, Баерн Минхен ќе остане без трофеј, а клубот потфрли и во Купот на Германија каде претрпе срамна елиминација од третолигашот Сарбрукен. За тешката ситуација во клубот колумна напиша легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус кој во осумдесеттите и деведесеттите одигра 410 натпревари и освои 15 трофеи во Баерн Минхен.

„Чаби Алонсо во Леверкузен сите ги изведе на вистински пат за успех. Тухел не ги подобри играчите како Де Лихт, Дејвис, Кимих, Горецка, Милер. Дејвис и Горецка сега се само сенка од тоа што некогаш беа бидејќи тренерот им ја одзема самодовербата.

И покрај тоа што Милер однадвор се смее, во себе повраќа. Тој сигурно никогаш не сакал да слушне реченица како таа на Тухел „Ова не е играта на Томас Милер“. 

Кимих веројатно повратил кога Тухел говореше за позицијата шест. Како играч не сакате да слушнете дека не се сте доволно добри за настап на позиција на која сте играле како лидер и на неа сте ја освоиле Лигата на Шампиони“, пишува Матеус во колумна за „Скај Спортс“.

Се вчитува...