Матијас Лесор ја засилува центарската позиција на Црвена Звезда

Шампионот на АБА лигата, екипата на Црвена Звезда ги засили своите редови со францускиот центар, Матијас Лесор. 21-годишниот Лесор стави потпис на тригодишна соработка.

Талентираниот кошаркар може да игра на двете позиции во рекетот, минатата сезона беше одбран за шести најдобар играч во француската прва лига, бранејќи ги боите на Нант 92. Во домашното првенство бележи просек од 10.2 поени и 7.2 блока по натпревар, а во Белград пристигнува со две одличја, односно како освојувач на ФИБА Еврокупот и еден од двата француски купови.

 

Се вчитува...