Францускиот центар на Панатинаикос, Матијас Лесор по долга пауза поради тешка повреда доби „зелено светло“ за започнување на индивидуалните тренинзи како дел од последната фаза од рехабилитација.
Лесор заработи тешка повреда на потколеницата на левата нога во декември 2024 година и оттогаш одигра само два натпревари на Ф4 турнирот во Аду Даби по што дојде до нова повреда и продолжување на агонијата.
Доколку се оди според планот Французинот во следните две недели ќе тренира индивидуално по што ќе се приклучи на составот на Ергин Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

