Матијас Мајер е победник на втората комбинација во светскиот куп во алпско скијање која денеска се одржа во швајцарскиот ски-центар, Венген. Матијас Мајер до победата стигна со вкупно време од 2:32.45 минути.
Второто место му припадна на одличниот Французин, Алексик Пантуро кој успеа во слаломот да ја намали големата негатива која ја имаше по спуст трката и на крајот да заврши само со седум стотинки заостанување зад времето на победникот. Третото место му припадна на сонародникот на Пантуро, Виктор Муфа Жанде, кој заостануваше 67 стоти делови од секундата зад првопласираниот Матијас Мајер.
Утре на програмата во Венген закажан е петтиот спуст сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА