Матијашевиќ ги објави патниците за Словенија

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Матијашевиќ, го објави списокот на повикани репрезентативци за Европското првенство кое во септември ќе се одржи во Словенија. Тој со проверени сили ќе настапи на континенталното натпреварување во септември.

На списокот се наоѓаат 18 одбојкари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Марко Јуниор Стошиќ, Никола Ѓорѓиев, марјан Урдов, Владо Милев, Александар Љафотв, Александар Милков, Васе Михаилов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Филип Маџунков, Иван Андонов, Славе Наков, Ѓоко Јосифов, Ристо Николов, Дарко Ангеловски и Филип Николовски.
Одбојкарите ќе стартуваат со подготовки на 2. јуни, а Матијашевиќ ќе провери дел од одбојкарите кои се наоѓаат на поширокиот список. Главните подготовки се закажани за средината на јули.

Групната фаза на ЕП стартува на 12. септември кога Македонија ќе игра против Финска, ден подоцна противник е Турција, додека на 14. септември силите ќе ги одмери со Русија. Потоа следува дуелот со Белорусија, а групната фаза се заокружува со мечот против Словенија.

 

 

Се вчитува...