Матијашевиќ избра 14 одбојкари – Маџунков отпадна поради повреда

Селекторот Никола Матијашевиќ го одреди списокот на одбојкари кои ќе настапат за македонската репрезентација на почетокот од квалификацикиот турнир за пласман на ЕП 2021. Главен проблем за „црвено-жолтите“ е неиграњето на средниот блокер Филип Маџунков, кој не успеа да ја добие трката со времето по повредата на коленото што го мачи веќе ивзвесно време.

Техничарот Ефтим Ричлиев и коректорот Стефан Алексов, исто така, го минаа целиот подготвителен период и влегоа во потесниот избор на Матијашевиќ, но за деби во сениорскиот дрес ќе чекаат некоја друга можност. На конечниот список на селекторот за утрешниот натпревар со Босна и Хрцеговина и за пресметката со Турција в среда, пријавени се 14-мина одбојкари. Единствената дилема е дали Дарко Ангеловски ќе биде примач, какошто играше на четирите контроли со Бугарија, или, пак, ќе настапи како либеро што е негова стандардна позиција во долгогодишната репрезентативна кариера.

Иван Андонов, кој може да одигра повеќе улоги во тимот, ќе го покрива отсуството на Маџунков на центар, а сите други линии се стандардни. Во споредба со Европското првенство во Словенија во 2019-та, дебитантско за нас, во репрезентацијата е Лука Костиќ на местото на Александар Милков, какои 18-годишниот Филип Савовски кој треба да биде иднина на црвено-жолтиот состав на позиција среден блокер.

Коректори: 4.Никола Ѓорѓиев
Техничари: 2.Ѓорѓи Ѓорѓиев, 11.Филип Деспотовски
Примачи: 1.Дарко Ангеловски, 5.Владо Милев, 8.Александар Љафтов,16.Стојан Николов, 17.Лука Костиќ.
Средни блокери: 7.Славе Наков, 14.Иван Илиев, 19.Ристо Николов, 20.Филип Савовски
Либера: 12.Филип Николовски, 18.Васе Михаилов

Се вчитува...