Матијашевиќ: Младите се покажаа, уште сме во неизвесност за Милков

Македонските одбојкарска репрезентација ја завршува првата подготвителна етапа за Европското првенство кое во септември ќе се игра во Белгија, Франција, Холандија и Словенија. Селекторот Никола Матијашевиќ на подготовките повика млади одбојкари кои низ оваа фаза од подготвките требада му се наметнат како канддати за составот кој ќе оди на Европското првнествно. Тимов ов овој еприод тренеира без Александар Милков, анеизвеснота околу можноста за негов настап ов Словенија ќе трае до почетокот на јули за кога е закажан почетокот на втората фаза од подготвките.

„Идејата беше да соберам што повеќе одбојкари односно, да ги видам оние кои не беа претходно со нас, како младите примачи Лука Костиќ и Стојан Николов, а на контролен тренинг со нас беше и средниот блокер на Џио Струмица Ристо Николов. Јас сум задоволен од нивниот потенцијал, така што ќе ги повикам на поготовките во Маврово. Во моментов со нас не е Александар Милков кој ја санира повредата на коленото. Тој е силно мотивиран, но се уште е неизвесно дали ќе биде подготвен за шампионатот“, вели Матијашевиќ. 

Според селекторот во овој момент е премнугу рано дасе нализираат детало противниците, вели насочени сме кон нашата игра и форма.

„Рано е да мислиме на ривалите. Сега работиме на нашата игра. Се уште не ги знаеме составите на противниците, така што не можеме да се подготвуваме конкретно за нив. Финска играше со подмладена екипа во Европската лига, а Турција играа многу одбојкари од првиот тим“, завршува Матијашевиќ. 

Репрезентативците до петок ќе тренираат во Скопје. Потоа тие ќе добијат пауза три недели, по која на 14. јули заминуваат за Маврово, каде ќе бидат на подготовки, а потоа се враќаат во Скопје каде ќе се играат контролните натпревари воочи Европското првенство во Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Се вчитува...