Немања Матиќ е лут на Оле Гунар Солксер и побарал состанок со стратегот на Манчестер Јунајтед на кој ќе се дискутира за неговиот статус во тимот. Српскиот интернационалец важеше за еден од најстандардните фудбалери на „црвените ѓаволи“ по трансферот од Челси пред две години, но неговата минутажа во тимот се намали со заминување на Жозе Мурињо од клупата на Јунајтед.
Тој остана на клупата за резерви на првите три натпревари сезонава, воопшто не добивајќи шанса да настапи против Челси, Вулверхемптон и Кристал Палас. Солскјер очигледно повеќе му верува на младиот Мектоминеј, поради што Матиќ сериозно размислува дури и за заминување до крајот на летово. До крајот на преодниот рок има уште неколку дена, Србинот доби понуди од Шпанија и од Италија, па доколку Солскјер не смета сериозно на него ќе бара да му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“.
Матиќ во својата прва сезона во Јунајтед одигра 36 од вкупно 38-те средби во Премиер-лигата, а лани оваа бројка се намали на 28 одиграни натпревари.
He played 36 out of 38 Premier League games for United in his first season, before getting 28 appearances under his belt in the league last season.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА