Српскиот фудбалер Немања Матиќ не се солидаризираше во неделата на борбата против хомофобијата, организирана од Лига 1.
Во последното коло од сезоната, играчите на сите тимови играа во дресови кои се разликуваа од сите претходни во еден детал – мало знаме со виножито.
Овој ЛГБТ симбол е сошиен на ракавот на секој дрес на секоја екипа во француската лига, како дел од споменатата недела на борба против хомофобијата.
Еден од ретките играчи, можеби и единствен, кој не сакаше да учествува во оваа акција е Немања Матиќ. Своето ЛГБТ лого го покри како не би се гледало.
Некои корисници на социјалните мрежи го забележаа ова, па го споделија на интернет, па некои други се вклучија и го коментираа овој потег на српскиот фудбалер. Коментарите беа измешани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

