Манчестер јунајтед ќе биде значајно ослабен за стартот од новата премиерлигашка сезона откако беше обелоденето дека Немања Матиќ нема да може да му помогне на тимот за првите натпревари од новиот шампионат. Матиќ ги пропушти досегашните контролни средби, неговото враќање назад во Манчестер се очекува во следните денови, но тоа не значи дека тој наскоро ќе му биде на располагање на Жозе Мурињо.
„Немања Матиќ се врати повреден од Русија, се обидовме тоа да се санира со одмор, не успеавме, па тој неодамна беше опериран. Тој дефинитивно нема да биде подготвен за стартот на сезоната“ – потврди Мурињо.
Се уште е неизвесно колку долга ќе бие паузата на српскиот интернационалец, но „ѓаволите“ стравуваат таа би можела да изнесува и над два месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА