Матиќ на радарот на два италијански клубови

Српскиот интернационалец Немања Матиќ на 36-годишна возраст игра во врвна форма. Оваа сезона настапи на 15 натпревари за Лион и со одличните игри го примами интересот на два италијански клубови.

Како што пренесува италијанскиот инсајдер, Џанлука ди Марсио играчот за врска е трансфер желба на Наполи и Фиорентина. Сепак заинтересираните клубови нема така лесно да стигнат до неговите услуги бидејќи договорот на Србинот со францускиот клуб важи до 2026 година.

Олеснителна околност е тоа што Лион се соочува со огромни финансиски проблеми поради кои им се заканува и испаѓање во понизок ранг.

Доколку Матиќ прифати една од овие две понуди тоа воедно би значело и негово враќање назад во Италија каде во минатото со успех настапуваше за Рома.

Се вчитува...