Матиќ: Немаме намера на домашен терен да правиме нови киксови

Екипата на Вардар сезонава има амбиции за двојна круна. Тоа го покажува не само однесувањето на тимот, туку и засилувањата кои летово пристигнаа, како и игрите и резултатите што Вардар ги постигнува.

По репрезентативната пауза, Вардар на свој терен ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП. Локалното дерби е на програмата, со напомена дека „црвено-црните“ во моментов се на врвот на табелата со 10 бода, додека Македонија ЃП по трите порази во низа конечно успеа да освои бодови и да се помести од „мртвата“ точка.

„Конечно се враќа првенството по репрезентативната пауза, доста беше одмор. Се ресетиравме, трениравме добро и време е за првенство. Вечерва нè очекува тежок натпревар, затоа што не само Македонија ЃП, туку секој што доаѓа на Арената сака да го победи Вардар. Сите се мотивирани до максимум. Ние го знаеме тоа и нас тоа нè мотивира уште повеќе. Немаме намера на домашен терен да правиме нови киксови. Целиме кон три бода и продолжување на позитивната серија,“ изјави Мислав Матиќ.

Се вчитува...